Јас очекував да седнеме и да поразговараме за оваа онлајн идеја која што ја турка владеачкото мнозинство имајќи во предвид дека Собранието е функционално. Ние во парламентот имаме минимум 115 пратеници кои се секогаш присутни на седница, кои што може да разговараат и дискутираат за се’, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
-Единствената причина поради која што се бара ова онлајн Собрание е малиот број на пратеници од владеачкото мнозинство. 62 пратеници е далеку од функционално мнозинство кое што би можело да работи без да се усогласува по однос на законите и она што доаѓа како материјал во Собранието со опозицијата. Да не заборавиме дека 58 пратеници од опозицијата претставуваат повеќе од пола милион граѓани на оваа држава и тие пола милион граѓани кои што го дале гласот за опозицијата очекуваат нешто од таа опозиција и се на ставовите заедно
со опозиционите партии. За жал, немаше слух од страна на владеачкото мнозинство, се поднесе овој Предлог Деловник без консензус. Инаку, знаете дека Жан Моне процесот е процес во кој што консензуално се договараат одредени измени по основ на Деловникот и ние постигнавме некој напредок и се надевам дека на следниот Жан Моне и оние мали несогласувања ќе ги усогласиме за да можеме да имаме еден Деловник кој што ќе одговара и на власта и на опозицијата. 3000те амандмани поднесени од страна на опозиционите партии се само крик на опозицијата во однос на она што власта сака да го демонстрира во Собранието, а тоа е непочитување на опозицијата, неразговарање, избегнувањето на дијалог со сите политички партии и една од причините поради која што ги има овие 3000 амандмани покрај неуставноста на самото законско решение за измена Деловникот, е ова што го гледаме денес, истакна Мицевски.