Мицевски: Сонцето од Вергина е дел од туѓа историја и имаме обврска да го отстраниме

Откако вчера на социјалните мрежи се крена бура околу брусењето на симболот со Кутлеш во Крива Паланка, се огласи и градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Toj во изјава за ТВ Клан истакна дека на тоа место ќе се постави грбот на Општината.

„Реакциите прво треба да бидат основани од кого и да се. Ние на влезот на Општинатта имаме еден симбол, сонцето на Вергина, за кој веќе имаме неколку меѓународни договори и одлуки на Влада, правилници за отстранување на истото. Уште со времената спогодба од 1995 година, ние како држава имавме обврска да ја тргнеме оваа ознака од тогашното државно знаме. Со Преспанскиот договор и со одлука на Владата, сите јавни институции се задолжени овие симболи, кој што се дел од туѓа историја, треба да бидат отстранети од самите институции“, посочи Мицевски.

Тој вели дека симболот воопшто не е поставен на соодветна локација

„За сите оние душегрижници, на кои ова им претставува и партиски симбол, треба да ја прелистаат книгата на Герамос Каравангелис, Македонската борба, во која што ќе прочита дека токму под овој симбол, под овој превез најмногу Македонци ги изгубиле животите во Егејска Македонија. Дали се свесни за тоа, каква историја величат и што величат?“, вели градоначалникот на Крива Паланка.