Очекував барем малку доблест од Судскиот совет и владејачкото мнозинство, да слушнеме зошто Добрила Кацарска е предложена за уставен судија. Ова што денеска го промовирате е лоша пракса, зашто бирањето уставен судија не е бирање судија во втора лига фудбал, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешното продолжение на 20. собраниска седница.
Тој побара пауза од еден час за да ја разгледаат подобро, како што рече, биографијата на Кацарска.
Мицевски во процедурална забелешка координаторот истакна дека поради сериозноста на изборот на уставен судија, очекувал за Добрила Кацарска да проговори барем претседателот на Судскиот совет.
-Навистина очекував дека ќе слушнеме нешто повеќе за Кацарска наместо приложеново, извадено од Службен весник. Пред нас имаме буквално само одлуки, податоци од Службен весник и ниту збор повеќе за работата, кариерата, напредокот, позитивните и негативните страни на Кацарска, позитивните и негативните одлуки, како и позитивните и негативните рецнзии за неа. Зачудувачки е како може да дозволиме некои работи да поминуваат така во државава. Очекував барем претседателот на Судскиот совет да ја каже биографијата на Кацарска за да дискутираме како пратеници. Срамота, рече Мицевски..