Мицкоски: 10 недели од кога излегов од болница, стигнав прв до врв

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски добро закрепнува од ковид 19, а доказ за тоа се фотографиите објавени утрово од врвот на Водно.

После точно 10 недели од кога излегов од болница, стигнав прв до врв 😃
Не е лошо 43:15 мин.
Нашето прекрасно Водно и градот убав Скопје, овој пат незагаден од мазутот, иако тоа е ретко.
Да си го вратиме градот, да се избориме за иднината на сите идни генерации!, напиша Мицкоски.