Мицкоски ја доби тужбата за клевета за лагата дека купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека по добиената пресуда вчера медиумот кој го клеветеше се извинил.

„Лагата е како топка снег. Колку подолго се тркала, толку поголема станува, но кога ќе застане ќе се растопи.“ – Мартин Лутер Кинг.

Снегот се растопи во рацете на тие кои ги раскажуваат лагите.

По добиената пресуда вчера медиум се извини за изнесената клевета кон мене.

https://www.brif.mk/objava-na-presuda/

Дополнително медиумот на Џабир Дерала и тој самиот е осуден за клевета за лагата првично пласирана од кујните на СДСМ и ДУИ дека наводно сум изградил куќа во Козле. Ниту сум изградил, ниту имам куќа надвор од имотот кој веќе го поседувам. Народот треба да биде свесен дека ваквите лаги се силно потхранувани и ширени и од инсталациите на власта во дел од една лажна опозиција која е на услуга на власта, и тоа лесно се препознава. Тие повеќе зборуваат за ВМРО-ДПМНЕ отколку за суштината и лошото владеење.

Затоа со години сум предмет на најцрната кампања на власта, која треба да ја засени вистината која ја збориме за тешкиот живот. Но количеството на криминал, неправди и тежок живот е толку голем, што ниту една лага не е погласна од тоа. Така и мојот мотив да ги поразиме е дотолку поголем, затоа што Македонија се губи, а ние немаме втора татковина. Промените доаѓаат“, стои во неговиот пост на Фејсбук.