
„Ја сакам Чемерија“- среде Скопје, а непростлив „грев“ е кога се вее знамето со сонцето од Кутлеш, се шепоти придавката македонски и Зоран Заев се плаши и извинува за зборовите „македонска репрезентација“, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Ваквите провокации се предизборен маркетинг и секогаш кога нема да испорачаат резултати бегството е на национално запаливите теми. Зошто? За да продолжат да крадат, да не се говори за блокадите на патот кон ЕУ, да не се говори за сиромаштијата и бранот на поскапување. Додека оваа земја ја водат неспособни луѓе, срамот ќе го носиме сите ние. Овие луѓе се способни само за криминал и лаги. Треба да се стави крај на ова! – вели Мицкоски во својата објава на „Фејсбук“.
Тој додава дека за неколку месеци од денес граѓаните ќе одлучат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, срам, понижување и безидејност што го нуди СДСМ или нивнито план за иднината.