Мицкоски: Ако владата продолжи вака, до крајот на годината државата ќе влезе во рецесија

Не треба много човек да биде аналитичен за да заклучи дека ако вториот квартал се движиме околу нулата би биле среќни, а ако вака продолжи втората половина на август месец и првата половина на септември, тогаш сигурно ќе имаме негативен раст на бруто домашниот производ во третиот квартал, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска беше гостин во Вестите на Сител телевизија.

„Ако си дозволиме и во четвртиот квартал да имаме, тогаш државата ќе влезе во рецесија и ќе биде една од ретките во Европа која во овој период ќе влезе во рецесија“, додаде Мицкоски.

Според него, многу е значајно да се подобрат економските перформански, да се започне економска офанзива, односно компаниите да се мотивираат за да почнат да инвестираат, за да можеме да очекуваме добри резултати во целата економија.