Мицкоски: Апелираме на вонредна состојба веднаш, ситуацијата е алармантна

Да не навлегуваме во правните дилеми, да навлеземе во решавањето на прболемните на граѓантие, апелираме на воведување вонредна состојба веднаш, ситуацијата во земјата е алармантна, порача во средата челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обраќајќи е пред медиумите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција побара од претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба.

„Се доцни со мерките, претстои можност за ширење на коронавирусот. Затоа го повикувам претседателот Пендаровски да прогласи вонредна состојба. Тој таква уставна можност има“, посочи Мицкоски.

Рече дека неопходно е итно дејство на Владата и носење на одлуки кои подразбираат и посериозни фискални импликации и поголема мобилност на институциите во справување со состојбата на терен.

„Токму затоа пред шест дена побарав прогласување на кризна состојба. Од вчера пак се наметна нова дилема и таа дилема е присутна во јавноста за прогласување на кризна или вонредна состојба“, додаде Мицкоски.

„Јас побарав воспоставување на кризна состојба затоа што тоа е степен повисоко во сериозноста на пристапот, квалитетот и мобилноста на справување со последиците од Корона вирусот. За разлика од воведувањето на Вонредна состојба во која целата власт се сосредоточува во рацете на еден човек, што ќе се согласите и не е така демократски. Но, ова и во овој случај е секундарно, затоа што е примарно здравјето на граѓаните и итното делување“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа, според Мицкоски, ќе се создаде можност за носење акти со законска сила кои би можеле да се злоупотребат и е состојба за која иако е уставна материја не е прецизно дефинирана со закон.

„Сѐ што не е прецизно дефинирано може и да биде злоупотребено“, рече Мицкоски.

 

 

.