Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје истакна дека АСНОМ е неизбришливиот жиг на Македонската борба, најсветлиот доказ дека македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви.
-Собрани сме денес за да го одбележиме 80-годишниот Јубилеј од првото заседание на АСНОМ, еден од најсветлите моменти во нашата понова историја, кога нашите предци донесоа важни одлуки што ни овозможија да се издигнеме како народ и како држава. Оваа институција АСНОМ е неизбришливиот жиг на Македонската борба, најсветлиот доказ дека македонската нација е созданеда со многу труд и со огромни жртви, истакна премиерот Мицкоски.
За да бидеме победници, треба да сме единствени, вели Мицкоски.
Некој ќе рече историјата ја пишуваат победниците. За да бидеме победници, треба да сме единствени. Затоа што ако сме разединети, нема никогаш да победиме. Што впрочем, како народ низ историјата ни се случувало, и затоа денес треба многу мудро да донесеме одлуки за да можеме да стигнеме онаму каде што сакаме да стигнеме, рече меѓудругото премиерот Мицкоски.