Меј соочена со веројатен пораз во парламентот

Британската премиерка Тереза Меј е соочена во вторникот со веројатниот историски пораз на гласањето за нејзиниот договор за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија во парламентот, поради што Лондон би можел да се најде во лимбо ситуација.

На само речиси два и пол месеца пред предвиденото излегување на Велика Британија од ЕУ, очекуваниот пораз на премиерката Тереза Меј ќе остави простор за повеќе исходи, од заживувањето на нејзиниот договро, брегзитот без здогворо до одржување нов референду, на којшто процесот на напуштање на Унијата би можел целосно да биде запрен.

Додека на Британија и’ се заканува најдлабоката криза во последните педесет години, портпаролот на Меј рече дека таа брзо ќе одговори на резултатите од гласањето. Седницата на британскиот парламент на којашто ќе се гласа за договорот што премиерката го постигна по тешки преговори со Брисел ќе започне во вторникот во 20 часот по македонско време. Портпаролот, исто така,

Портпаролот, исто така, рече дека на состанокот на премиерката и министрите во вторникот претпладнето не станало збор за брегзитот по рокот од 29-ти март. Меј тврди дека прифаќањето на нејзиниот договор е единствениот начин на којшто може да го исполни своето ветување дека ќе ги спроведе резултатите од референдумот од јуни 2016 година и оти се’ поинаку би било „катастрофално“ за демократијата. Нејзините министри упорно ја поддржуваат оваа порака во вторникот во пресрет на клучното гласање.

„Британскиот народ ни ја довери одговроноста. Дали ќе ги исполниме тие очекувања и ќе гласаме за напуштањето на Европската унија или ќе ги разочараме и ќе и` нанесеме штета на нашата демократија така што незма да гласаме за излегување од ЕУ?“, запраша минситерот за екологија Мајкл Гоув за радиото BBC.

Многу од пратениците од Конзервативната партија на премиерката на Меј кои го поддржуваат брегзитот го отфрлаат нејзиниот договор со ЕУ, особено одредбата за ткн „бекстоп“, заштитниот механизам кој гарантира дека нема да има ткн „тврда граниа“ на ирскиот остров доколку до истекот на преодниот период не се договори нова спогодба којашто ќе овозможи да се избегне повторно воведување на граничните контроли меѓу Република Ирска, којашто е членка на Европската унија, и Северна Ирска, којашто е покраина на Обединетото Кралство а чиишто избирачи на референдумот од 2016-та во мнозинство се изјаснија за останување во ЕУ.

Доминик Рааб, кој поднесе оставка на позицијата на министер за брегзитот во ноември како протест против плановите на премеирката Меј, изјави дека владата не ми смеела да ги загуби нервите поради можноста за брегзит без договор. Имено, британскиот деловен свет стравува дека таквото излегување би значело и хаос во економијата.

„Ќе излезема на 29-ти март“, рече Рааб додавајќи дека е време на ова гласање јасно да се каже дека сегашните одредби од договорот се неприфатливи.

Британскиот парламент во вторникот вечерта ќе гласа за договорот кој британската влада го договори со другите 27 членки во ноември 2018 година. Доколку Меј биде поразена, се очекува челникот на опозициските лабуристи Џереми Корбин ќе повика на гласање недовреба на премиерката.