Мицкоски: Бизнисот трпи притисоци, закани и во таква една состојба развој не е можен, а граѓаните највеќе се погодени

Бев на средба со бизнис секторот во Прилеп. Екомонијата оди лошо, многу неостварени ветувања и разочарани очекувања. Освен политичкиот, се случува и економски крах. Капиталните инвестиции на владата за цели 3 месеци се само 6 проценти, буџетот е на границите на одржливоста, власта не инвестира во клучните сфери и не е пријателски настроена кон развој на бизнисот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Бизнисот трпи притисоци, закани и во таква една состојба развој не е можен, а граѓаните највеќе се погодени. Просечната плата наместо да расте, во последните два наврати континуирано паѓа. Бизнисот го гушат неправдите во секој поглед и тоа мораме да го смениме. Знаеме како и ќе дадеме понуда која ќе биде решение за проблемите. Потребна е победа на правда за Македонија, пишува Мицкоски на Фејсбук.