Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади бурек” на ТВ Сонце гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на актуелните политички случувања, поразителните политики на Владата во однос на здравствената и економската криза, како и актуелниот договор со Република Бугарија.
Мицкоски потенцираше дека Зоран Заев преговара за нешто кое што ниту има логика, ниту пак треба воопшто да биде тема на разговор. Македонската нација постои многу подолго, со векови, отколку што велат бугарските политичари дека Македонците постојат од 1945 година па навака, вели Мицкоски.
Мицкоски вели дека бугарските политичари безкрупулозно пробуваат да протнат нешто кое што и самите знаат дека не е вистина, како на пример дека македонската нација е производ на коминтерната, односно дека опстојува од 1945г па до ден денешен.
Мицкоски додаде дека би сакал да ги запраша оние кои преговараат во врска со националниот идентитет, дали доколку сопруг и сопруга од тоа време, едниот роден во 1943 година, а другиот во 1946 година не се Македонци?! Дали повозрасниот бил Бугарин, а тој кој е подоцна роден бил Македонец, вели Мицкоски.
Исто така, Мицкоски додаде дека Македонскиот јазик постои со век и векови наназад, Македонскиот јазик не е нешто кое што се измислило пред стотина години, бидејќи просветителите го описмениле половина свет. Тоа доволно кажува за фактот дека Македонија и нејзината историја не смеат да бидат предмет на преговори, додаде Мицкоски.
Доколку Република Македонија имаше вистински премиер кој се бори и ги застапува правата на Македонците и македонскиот народ онака како што заслужуваат, ова немаше да се случува сега, вели Мицкоски. Тој додаде дека Република Македонија сигурно би била подобра држава, економски стабилна, кога наместо да се распродава, дополнително би се градела и надградувала како останатите земји од развиениот Балкан, заврши Мицкоски.
Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади бурек” на ТВ Сонце гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на актуелните политички случувања, поразителните политики на Владата во однос на здравствената и економската криза, како и актуелниот договор со Република Бугарија.
Мицкоски потенцираше дека Зоран Заев не смее да разговара со бугарските политичари за нешто за кое нема легитимитет, ниту политички стекнат преку избори, ниту пак од македонските граѓани. Ѓраѓаните на Република Македонија се наоѓаат во ситуација од која не знаат на каков начин може да се спречи целиот циркус кој Зоран Заев го приредува, вели Мицкоски.
Според Мицкоски, Зоран Заев покрај тоа што преговарал во име на македонскиот народ, тој донесувал заклучоци без при тоа да разговара со политичките претставници во државата, бидејќи за круцијални прашања, одговорноста е голема.
-Историските моменти кои можеби различно се толкуваат, не значи дека треба да се препуштат и да се остават на секој што ќе побара, знаејќи дека со тоа губи македонскиот народ и Македонија, додаде Мицкоски.
Мицкоски додаде дека е сигурен во тоа дека овој процес на распродажба може да престане, но само на еден единствен начин, а тоа се парламентарни избори на кои Зоран Заев и СДСМ ќе доживеат дебакл, а потоа ќе ја препуштат државата на сериозни политичари.
-Народот е обединет и тој застана во одбрана на своето. Револтот го искажа преку протести, блокади на улиците, преку реакции на социјалните медиуми и на уште многу различни начини, а тоа покажува дека на овој разуздан клан предводен од Заев му доаѓа крајот. Избори мора да има и на истите избори народот ќе мора да одбере дали сака стабилна земја, земја на успеси и просперитет или земја која ќе тоне и понатака и покрај тоа што ќе губи граѓани кои ја напуштаат, ден по ден ќе губат и ден на сопствената историја, што претставува свесно самоукинување, заврши Мицкоски.