Деновиве сме дел од Самитот на Европската политичка заедница. Тука сме заедно со потпретседателот на Владата, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира премиерот Христијан Мицкоски.
-Во текот на утрешниот ден ќе бидам активно вклучен во настаните коишто ќе се случуваат на Самитот и ќе зборувам за предизвиците коишто следат во делот на енергетиката и економијата од аспект на регионалното поврзување за балканските држави.
Европската политичка заедница (ЕПЦ) е формирана на предлог на францускиот претседател Емануел Макрон и е составена од 27 земи членки на ЕУ и 17 други европски земји: Турција, Велика Британија, Украина, Азербејџан, Ерменија, Србија, Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Норвешка, Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија и Грузија.
Целта на ЕПЦ е да се поттикне политички дијалог по прашањата од заеднички интерес и да се зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.