Мицкоски: Денес квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров е на европско ниво

Нека е честит новиот објект, нормално овој не објект кој што е правен по сите стандарди. Условите кои што се внатре се навистина европски, и јас очекуваме дека на тој начин ќе се подобри многу квалитетот на работата. Иако до сега квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров под водство на Александар беше навистина на едно супер европско ниво. Сега можеме да кажеме дека имаме и чекор понапред во делот на комфорот итн, изјави денеска при посетата на општина Ѓорче Петров лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Нормално е дека човек е секогаш среќен и задоволен кога може да биде дел од еден ваков проект. Многу често сме во општина Ѓорче Петров, отпочнуваме или пак завршуваме проекти кои што се додадена вредност за самата општина.

Ја користам оваа прилика да му честитам и на Александар, на советниците овдека во Општина Ѓорче Петров, на советниците во Град Скопје, на пратениците, потпретседателот Мисајловски, Бојан кој што исто така е дел од македонскиот Парламент, како претседател на општинскиот Комитет за една навистина организирана тимска работа. И кога тимски се работи и покрај тоа што имаше Александар навистина едни тешки услови, огромен долг, сепак за овие нешто од помалку две години успева во најголема мера да го врати тој долг, но и да обезбеди средства за дополнителни инвестиции.

Честитам и посакувам само многу вакви проекти во иднина, што би значеле дополнителен квалитет во животот на ѓорчепетровци, рече Мицкоски.

Фото: Фејсбук Ѓорче Петров