Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада во земјава, Христијан Мицкоски денеска до Собранието треба да го достави предлогот на владата и програмата за нејзиното работење.
Претседателот на парламентот Африм Гаши потоа се очекува да ја закаже собраниската седница за избор на новата влада во сабота во 11 часот и таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.
Колку ќе трае оваа седница, ќе зависи од бројот на пријавени пратеници за збор и дебатата во пленарната сала.
Мицкоски, вети дека како премиер ќе се бори за остварување на стратешките цели како што се членството во Европската Унија и добрите релации кон стратешките партнери, дека нема да подлегнува на темите кои разединуваат и дека ќе се фокусира на проблемите и сиромаштијата на граѓаните.
Рече и дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да се претвори во СДСМ, а Вреди во ДУИ.