Мицкоски до Сајкоски: Нѐ чека многу работа и заеднички битки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новиот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски на партијата му посака многу успех.

-Сајко, нека е со успех позицијата, нѐ чека многу работа и заеднички битки. Сѐ до конечна победа на мафијата, порача Мицкоски на Фејсбук.

Централниот комитет на партијата претходно го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов ген. сек. Сајкоски доаѓа на функцијата која до скоро ја вршеше Игор Јанушев.