Мицкоски до Заев: Подготви се за политичка пензија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното директно вклучување од Охрид за емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија му порача на Зоран Заев и неговите послушници да се спремат за политичка пензија.

Тој посочи дека по победата на Силјановска Давкова на вториот круг од претседателските избори следат и предвремени парламентарни избори по што ќе следи и формирање Влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните го поразија овој класичен апсолутизам и деспотизам и граѓаните во првиот круг го поразија, но дефинитивно ќе го поразат во вториот круг на 5-ти мај. А на СДСМ и на Зоран Заев и на тие малкумина послушници околу Зоран Заев можам само да им препорачам полека полека да се подготвуваат за политичка пензија бидејќи следат предвремени парламентарни избори и потоа следи нова честита влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.