-Вечерва на состанок со Општинскиот комитет Илинден. Додека власта крие тајни имоти вредни 30 милиони евра, додека секој ден гледаме како се препелка во нови скандали и афери, народот живее се потешко. Згора на тоа имаме влада која не ги ни споменува Македонците надвор од нашата Македонија и се плаши да поддржи отворање на културен дом. Ете толку се слаби и кусогледи. Затоа да ги направиме заедно промените кои ќе ги сменат овие работи. Што побрзо тоа подобро!, напиша на својот фејсбук профил, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.