Мицкоски е категоричен: ВМРО-ДПМНЕ ќе го признае само резидентното население, дијаспората само се евидентира

По лидерската средба меѓи лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и СДСМ Зоран Заев се уште не стивнуваат реакциите од постигнатиот договор.

Како што коментираат аналитичарите потегот кој го направи Мицкоски и ја даде палката за диктат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а диригент е токму тој, а тоа се гледа и по неколкуте чести интервјуа кои ги има Мицкоски изминатите неколку дена.

Најголем интерес во јавноста и понатаму буди успехот на Мицкоски за одложување на пописот.

Имено, според договореното пописот се одлага за период од 5 до 30 септември, а истиот процес на попишување е поделен во два дела, или првиот е евидентирање на дијаспората, додека другиот е процес на попишување на резидентното население.

На најавите дека процесот за попишување на дијаспората продолжува, Мицкоски и во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21, го повтори истиот став кој што го изјави по завршување на тет а те средбата, односно како што рече тој дијасората само се едвидетнира, а според ЕУРОСТАТ се попишува резидентното население, односно населението кое е во Македонија.

-Затоа што се попишува, според Евростат, резидентното население. Тоа значи дека населението кое што во моментот се наоѓа во Македонија или 12 месеци наназад живеалиштето им било тука, во Македонија и не го одјавило своето живеалиште. 12 месеци и еден ден тоа значи дека не влегуваат во населението кое што е резидентно, односно населението кое што е тука и треба да се попишува“, посочува Мицкоски.
Дијаспората во моментот ние ја евидетнираме. Тоа јасно го кажав и на прес конференцијата и јасно е наша позиција изминатиот период и јасно ќе биде наша позиција во иднина. Населението кое што е во Македонија е резидентно население и население кое што се попишува и е статистичка база. Населението кое што своето живеалиште го пријавило во некоја друга држава, Швајцарија, Германија, САД, Канада, Австралија е попишано од тие држави и ние сега не можеме тоа население да го попишуваме 13 пати, рече Мицкоски.

Таков тип на резултати, ние нема да признаеме и нема да прифатиме. Се знае што значи според ЕУРОСТАТ и методологијата која што е прифатена, попис на население и домаќинства. Ова е евиденција на дијаспора и како евиденција ќе ја третираме. Точно се знае што значи евиденција на дијаспора, точно се знае што значи попис на резидентно население и тоа е јасно и е во првите три реченици на методологијата на ЕУРОСТАТ, вели Мицкоски.

Јавно кажувам тука во вашата емисија она што ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе го признаеме е населението кое што е резидентно, односно кое што ќе се попише тука во месец септември помеѓу 5 и 30 септември, останатото е дијаспора која што се евидентира, додаде Мицкоски.
Дека Мицкоски има цврст став по однос на пописот, укажува и тоа дека ниту тој како лидер на опозицијата, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ нема да прифатат и признаат евидентирањето на населението да биде дел од пописот на резидентно население и домаќинства.

Апсолутно ние нема намера таков тип на податоци да признаеме доколку ова денеска претставува евидентирање на дијаспора, во иднина претставува и е дел од попис на резидентно население и домаќинства, дециден е Мицкоски.

Според информациите се очекува денеска во Собранието да се чека свикување на собраниска седница за носење на измените на законот за попис.