-Ако сакаме вистински нешто да направиме во државава треба да ја намалиме корупција. Јас ќе бидам пример прв еталон, нека ја проверат мојата имотна состојба со што располагам јас, со што располага моето семејство, моите месечни примања и потеклото на мојот имот, да докажам дали тоа е стекнато со труд и со работа, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.
Мицкоски вели од овој момент па натаму да се донесе таков закон за потекло на имот на политичарите, па да се види како се стекнуваат енорми богатства од од просечни службеници во државната администрација, и од политичари коишто станале бизнисмени.
-Јас прв се пријавувам, но да видиме какви биле приходите на семејството Заеви, а какви се сега, да ги видиме и приходите и некои други семејства кави биле во 2006,2008,2000-та, а какви се сега, да ги видиме сите какво им е богатството и да провериме се, вели Мицкоски.
Тој исто така истакна дека треба да се направат сериозни темелни реформи за независност на судството, правосудството и обвинителството, како и тоа дека прво треба да почнеме од расчистување на корупцијата којашто постои во огромен обем.