Мицкоски е решен да ја оправа железничката мрежа: Штом дојдеме на власт возовите ќе одат со 120 километри на час

Еден од првите проекти на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде подобрување на железничката мрежа, ветува лидерот најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

Во ситуација кога Македонија практично нема железница и кога единствениот воз кој одеше кон Битола запре, новата влада ќе има тешка задача да го врати патувањето со воз.

-Eдна од стратешките политика на идината влада ќе бидат инфраструктурните проекти и брзата пруга север-југ со која возовите во Македонија ќе патуваат со просечна брзина од 120 килoмeтри на час – откри Мицкоски во интервју за порталот Република.

Лошата состојба во железичкиот сообраќај ја констатираше и Европската комисија во извештајот за напредокот.

Нема политичка заложба за неопходните железнички реформи, констатираше ЕК.