Мицкоски: Ќе се бориме да ја исправиме неправдата со Преспанскиот договор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на „Топ Тема“ на Телма телевизија, во врска со Преспанскиот договор, истакна дека не е демократски да се забранува да се бориме за исправање на неправдата што ни е нанесена.

-Не е демократски и не е во духот на вредностите да им забраните на луѓето да се борат, да ја исправат неправдата што тие мислат дека им е ненесена, рече Мицкоски.

Тој додаде декаа ВМРО-ДПМНЕ стотина пати го повторил истото, кажано е дека не треба да се дозволи ниту политичарите или било кој друг да ја игнорира реалноста, но тоа не значи дека треба да им забранува на граѓаните да се борат и со тоа да ја исправат таа неправда со договорот од Преспа.

-Ако кажам дека ќе ја игнорираме, нема да бидам искрен спрема вас и спрема граѓаните. Таа реалност никој не ја игнорира, но ние ќе се бориме да ја исправиме таа реалност. Ние како политичари сме луѓе кои ќе се борат да ја исправат таа неправда, истакна Мицкоски.