Мицкоски: Ќе се истражува како се делеле парите во ковид кризата, народот мора да знае каде оделе неговите пари

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело кое што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми во време на ковид кризата, потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари.

-Во периодот кој следи на владина седница ќе формираме такво тело кое во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот познат како ФИТР во јавноста и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста. Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.