Мицкоски ќе се обрати на Самитот на европската политичка заедница во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествува на Самитот на европската политичка заедница.

-Заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваме на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Европската политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата првпат се состанува во октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од Европскиот совет и Европската комисија.

На самитот ќе имам и свое излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување, напиша Мицкоски на Фејсбук.