Мицкоски: Единствен виновник за неуспешен референдум е Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за весникот Неазвисен потенцираше дека единствен виновник за неуспешен референдум е премиерот Зоран Заев.

Оваа е недела на лов на виновници, па затоа наутро ќе слушнете дека лошото ВМРО-ДПМНЕ има комитети за бојкот, веќе вечерта ќе чуете дека имало некаков раскол или нешто слично, невистина до невистина. Затоа сега интензивно ќе се трудат вината за пропаѓањето на политиките да ја префрлат на ВМРО-ДПМНЕ, кое мора да биде виновно за нивниот неуспех. Но, сега не е ниту 27 април 2017, ниту 2016 година, сега сме септември 2018 година и ВМРО-ДПМНЕ никако не може да биде виновна за неуспехот на нивниот договор. За тоа единствено е виновен Заев, кој го потцени народот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Независен.