Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоки, вечерва од Кичево кажа дека Европа и светот прават стратегија како да ги натераат 44 пратеници на партијата да изгласаат, како што ги нарече, предавнички уставни измени.
„Ќе работиме чесно, одговорно и посветено за граѓаните, тоа се современите патриоти. Нема веќе современи патриоти кои ќе напишат 3-4 статуси на Фејсбук. Такви нема веќе. На дело, кои ќе ги засикуваат ракавите за ВМРО-ДПМНЕ и пред се за Македонија. Се останато е лага.
Денеска сме соочени пред историски предизвик. Европа, светот, прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и оние 44 пратеници да изгласаат предавнички уставни измени. Немојте да мислите дека Ковачевски, Ахмети или Османи се тие, и немојте да мислите дека е лесно. Не е. Силна борба се води за да се одбрани честа на македонскиот народ кои овие корумпирани, ситни владини функционерчиња го продадоа македонскиот народ. Ќе се бориме, не знам дали ќе успееме, можеби нас ќе не нема, но ќе се бориме, и ќе издржиме и јас ветувам, уставни измени под бугарски диктат нема да има, тоа го имате од мене како ветување, изјави Мицкоски
Тој кажа дека доколку еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ја изневери довербата и гласа за уставните измени, тогаш тој засекогаш ќе си замине од политиката.
„Пред нецела година јас кажав дека, доколку само еден пратеник ја изневери мојата доверба, вашата доверба, довербата на граѓаните, јас заминувам од политиката. Денеска ќе го слушнете Ковачевски и Владата кои велат дека јас се борам за мојата фотелја во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Јас бев единствениот кој кажа дека доколку еден ја изневери мојата доверба, јас заминувам. И сега кој се бори за фотелјата?“, рече Мицкоски.