Премиерот Христијан Мицкоски, го коментираше неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот колега Румен Радев.
Мицкоски кажа дека со тоа Бугарија си ги покажа вистинските намери.
-Во минатото кога се понижуваше македонското достоинство, се виткаше кичма не се реагираше. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протестни ноти, и нема да имаме дипломатска политика со свиткана кичма. Кога ќе се помине црвената линија, треба да се реагира. Она што е поважно за мене Европа и светот можеа да видат кои се вистинските намери на водството на Софија. Не се вистинските намери Бугари во Устав. Таму многу поголема е потребата да покажат мускули. Ние сме подготвени секогаш на добрососедски односи со добрина да возвратиме, но тогаш кога се поминат црвените линии, мора да интервенираме како што е тоа случај сега кога ќе му биде врачена протестна нота на амбасадорот на нашиот источен сосед, рече Мицкоски.