Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари видео разговор со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, a во разговорот стана збор за здравствената и економска криза, како политичката состојба во државата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски посочи дека Република Македонија се соочува со тешка здравствена состојба, како и економска криза која државата ја става во незавидна состојба, се наведува во соопштението, притоа било истакнато дека Стопанството е преполовено и очекува реална поддршка од Владата која во моментот не ја добива.
„Мицкоски посочи дека е несериозно однесувањето на Зоран Заев и СДСМ кој лицитира со датуми за избори додека се бројат жртвите од корона кризата. Првенствено потребно е да се заштити здравјето на граѓаните а потоа да се обезбедат гаранција за безбедни избори. Зоран Заев наместо да се бори за помал пораз на изборите, треба да се бори заеднички за заштита на здравјето на граѓаните, истакна претседателот Мицкоски. Заев ќе изгуби на изборите, но прво треба да е здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски истакнал дека е за развивање на стратешкото партнерство со Велика Британија и унапредување на заемната поддршка и соработка.