Мицкоски им го честита празникот на сите храбри војници

Премиерот Христијан Мицкоски по повод 18 Август – Денот на Армијата упати честитка до армиските припадници.

– Честит празник на сите храбри војници. Вашата неуморна посветеност и храброст ја чуваат нашата слобода и сигурност. Со секој ваш чекор, ние чувствуваме гордост и благодарност. Ви благодариме за вашата неизмерна жртва и служба. Честит ден на АРМ, пишува Мицкоски во објавата на „Фејсбук“.