Владата на вчерашната седница ги утврдила првите четворица нови амбасадори, први предложени по промената на власта, дознава Канал 5.
Станува збор за:
– Андријана Цветковиќ – Јапонија;
– Драган Ѓурчевски – Хрватска
– Димитар Блажевски – Украина
– Игор Николов – Франција
Токму Николов, досега беше еден од 17-те советници на премиерот Мицкоски. Николов во еден период, во времето на Никола Груевски, бил прв секретар во амбасадата на Македонија во Париз. Тој завршил студии во Париз на Универзитетот Пјер и Марија Кири, а во јануари 2021 година самиот навел дека бил советник за медицински прашања во амбасадата на Франција во Скопје.
– Еден од советниците којшто беше со полно работно време е професор доктор Игор Николов. Тој беше мој советник во делот на здравствената политика чијшто договор ќе престане бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од страна на Владата да биде нов амбасадор на нашата држава во Франција, изјави Мицкоски.
Владата денеска го објави и официјалниот список со советници на премиерот Мицкоски. На него, освен Николов, се наоѓа универзитетскиот професор и поранешен пратеник Александар Спасеновски, кој го советува премиерот за европски прашања. Од областа на економијста го советуваат и екс министрите од владата на Груевски како поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски за финансии и банкарство, поранешниот вицепремиер за економија Владимир Пешевски за стратешки прашања од економијата, а меѓу нив е и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски кој го советува за политички и правосуден систем.
Меѓудругите советници, тука се и поранешните високи функционери од областа на безбедноста, – Љупчо Андоновски, советник за национална безбедност, и Горан Николовски, советник за стратешки прашања за безбедноста. Тие, според изјавата на Мицкоски, добиваат плата од 60-90.000 денари.
Владата, според информациите на Канал 5, освен именувања, донела одлуки и за поведување на постапка за повлекување на десетина амбсадори.
– Светлана Гелева од Советот на Европа;
– Јакуп Реџепи од Босна и Херцеговина;
– Џенк Сејфила од Кралството Шведска;
– Методија Белевски од Кралството Белгија
– Агнеза Руси Поповска од Бугарија;
– Емил Крстевски од Чешката Република;
– Пајо Авировиќ од должноста Шеф на Постојната мисија при Меѓународните организации;
– Зеќир Рамчиловиќ од Црна Гора;
– Катерина Ставревска од Велика Британија и Северна Ирска.
Најголем дел од овие амасбадори беа испратени без сослушување во Собранието, што по последното автентично толкување што го даде Владата, е основ за нивно разрешување.