Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, се до сега што сме ветиле ќе го реализираме, рамен данок од 8 проценти и целосна гилотина на царинските давачки, автопат од Велес до Битола

Со денови анализираме со луѓето кои што се тука, а се дел од економскиот тим со кој што јас работам, но и со оние кои што се мои стратешки соработници а не се овде како Гоце Андреевски, Хозе Караско итн… и верувајте ми дека имаме јасен план по две сценарија доколку имаме втор бран и доколку немаме втор бран, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема.

Мицкоски убедува дека стопанствениците можат да бидат мирни бидејќи како што рече тој идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за целосно враќање на рамниот данок, најпрво на 10 проценти а подоцна со текот на времето и негово намалување на 8 проценти.

Еве ја користам оваа прилика да кажам дека дел од таа стратегија и идни политики од 4 годишниот мандат на владата на ВМРО-ДПМНЕ  повторно ќе биде рамниот данок и повторно рамниот ќе биде оној кој што го ветувавме пред да се случи оваа пандемија и криза со корона вирусот. Повторно тој рамен данок најпрво да биде 10, а со годините кои што следува да го намалиме на 8 проценти. Затоа сите оние стопанственици со кои што разговаравме можат да бидат спокојни бидејќи идната влада на ВМРО-ДПМНЕ без разлика кога и да се случи ќе се залага за целосно враќање на рамниот данок.

Мицкоски посочи дека сите проекти кои што ги најавил за изградба на автопатишта, за повисоки плати на просветните работноци ќе бодат реализирани укажувајќи дека тој лично, но и ВМРО-ДПМНЕ се што ќе вети пред граѓаните тоа и ќе го реализира.