Благодарам на интересот, добредојдовте за овој за нас посебен настан инаку Пауло Рангел е потпретседател на Европската народна партија за тие кои што таа информација ја немаат. За нас ова претставува посебен момент бидејќи покрај нас покрај коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива тука се и претставници од нашата сестринска партија од Албанија, Демократската партија која што ја предводи мојот пријател господинот Љуљзим Баша со кој што имаме исклучително квалитетна соработка и во рамките на Европската народна партија, изјави денеска за медиумите лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– За жал поради новонастанатата ситуација кај нашиот северен сосед во Косово, претставници од другата наша сестринска партија ЛДК од Косово иако најавени денеска во последен момент го откажаа своето учество, но сепак преку видео врска ќе бидат денеска со нас и ќе можат и тие да ги пренесат нивните очекувања од годините кои што следат, а поврзани со европерспективите во регионот. Денеска ова е прва од низата конференции кои што се во организација на нашата партиска организација, а тоа е германската Конрад Аденауер кој што го фасилитира целиот овој процес и во таа насока ќе продолжиме и во иднина, вели тој.
– Цениме како десничарски конзервативни партии, сестрински партии во рамките на Европската народна партија заедно со нашите пријатели овдека во Македонија тоа е Алијансата на Албанците и Алтернатива можеме и те како да допринесеме во иднина за брз напредок на нашата држава во рамките на евроинтеграции, спроведување на реформскиот процес се разбира и практично на македонските граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност иако можеби понекогаш за некои теми имаме би рекол различни мислења. Но, она нас кое што денеска не обединува тоа е нашата десна конзервативна идеологија, посочува Мицкоски.
– Но, истовремено тука се пред се реформите. Истовремено би сакал да ги нагласам и борбата против корупцијата и криминалот кои што не само во нашата држава, не само во Македонија таа и те како зема сериозен замав и размер кај нашиот западен сосед во Албанија. Веруваме дека како сестрински партии, како десни конзервативни партии можеме и те како овој процес да го акцелерираме и Македонија заедно со Албанија се разбира и Косово да бидат што поскоро дел од Обединетото Европско семејство, истакна тој.