На новинарско прашање како ги коментира оценките на „Фридом Хаус“, дека Македонија веќе трета година по ред е хибриден режим, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека Фридом хаус е веќе втора институција која што после Економист нашата држава ја квалификува како хибриден режим.
-Хибридниот режим некако ќе остане заштитна марка за СДСМ за ова раководство предводено од Зоран Заев и ќе го одбележи овој три годишен период на, би рекол Луј Витон обвинителството, трас трас судството, немањето на владеење на правото, немањето на вистински судски реформи, лошата економија, насилието и неказнивоста кое што владееше во овие три години, обидите за поткуп, трговиите кои што беа наша реалност, омаловажувањата, понижувањата, сето тоа ќе биде еден заштитен знак за ова раководство на Зоран Заев и СДСМ изминативе години. Навистина тажно, наместо да напредуваме како што напредуваат вистинските демократии, наместо да напредуваме онаму каде што се стремиме да бидеме, тоа е Европа со вистински европски вредности, ние сме во рангот на помалку развиените Афрички држави. Навистина тажно и тоа не се вредностите кои јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата се залагаме и се стремиме, потенцираше Мицкоски.