Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Игор Јанушев носител на Изборната Единица 3 денеска ја посетија Општина Зрновци, од каде порача дека треба голема победа за ВМРО-ДПМНЕ, за како што рече, да нема уцени или закани, за да нема притисоци, пазарења и трговија.
-Голема победа за многу повеќе за земјоделците отколку за неранимајковците. За да имаме силна економија. За реконструкција на медицински установи, болници, училишта, училишни спортски сали, културни домови, асфалтирани патишта. Голема победа ни е потребна за да си ги вратиме децата дома. Чуми таква држава ако ни е празна, рече Мицкоски.
Подвлече дека им оставиле проект на СДСМ, обезбедени средства, договор потпишан, но како што рече, три години не можеле да го завршат експресниот пат од Штип до Кочани.
-Од СДСМ и Беса ќе слушнете се само нема да слушнете дека можат да направат повеќе за македонецот. Прашањето е што направија три години. Еве јас ќе ви кажам дополнително стотици илјади луѓе ја напуштија Македонија. Ги броеја Луј Витон ташните и куферите, носеа трас трас судски одлуки едни за да се пресметаат со политичкиот противник, а другите за да се амнестираат себеси. Ќе ве потсетам, може сме заборавиле за она Евро за Батето. После 15 јули повторно ќе ја отвориме, истакна Мицкоски.