Мицкоски и Лопез разговараа за поддршка и победа на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Со генералниот секретар на Европската народна партија (EPP), Антонио Лопез, разговаравме за подршка за локалните избори за Скопје, да ни ги пренесат знаењето од изборите во Мадрид каде победи неговата Народна партија, објави од Брисел во понеелникот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Остварив успешна средба со генералниот секретар на Европската Народна Партија, Antonio López-Istúriz и пратеник во Европскиот парламент. Лопез-Истуриз е помеѓу најблиските соработници на претседателот на Шпанската сестринска Народна партија (Partido Popular) Пабло Касадо. Шпанската народна партија победи во Мадрид на локалните избори и разговаравме за идна соработка на престојните локалните избори во Македонија, заеднички да соработуваме и славиме победа во нашето Скопје! Ја имаме поддршката и знаењето. Со целото срце и сила за победа над застојот, стагнациите, блокадите“, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.