Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ г. Антонијо Милошоски остварија средба претставници на Советот на амбасадори, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата Мицкоски ги објасни позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на надворешните предизвици со кои се соочува Македонија.
Беше потенцирана потребата од одблокирање на европските интеграции со зачувување на државните и национални интереси, особено во поглед на прашањето со Бугарија.
Воедно беше посочено дека потребна е усогласена и заедничка државна позиција во однос на преговорите за ова прашање која е изразена во црвените линии кои се дел од Резолуцијата усвоена во Собранието, а која беше предложена од ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така беше истакната потребата од реформи и промени кои ќе обезбедат посигурна иднина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.