Мицкоски и Ѓорѓиевски им поделија подароци на децата во Кисела Вода

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Иван Живковски, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска, како и претседателот на Советот, Светлана Колариќ, посетија во неделата неколку домови во скопската општина Кисела Вода, каде што на дечињата им подарија новогодишни пакетчиња.

„Малку се дружевме, си посакавме многу здравје и радост во новата година, многу среќа и петки во училиште. Новогодишните и божикните празници се најубав период од годината и треба да биде така, посебно за дечињата кои цел живот ги паметат подароците под елката, семејните празнувања и радоста на дарувањето. Затоа, секое дете заслужува да биде среќно и да има убави спомени од детството, а ова е само наш мал придонес кон таа среќа. Среќни и бериќетни празници’“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.