![alfa mciskoki 04](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/alfa-mciskoki-04-1.jpg?resize=696%2C411&ssl=1)
Додека власта го закрвавува народот и создава фрустрации, реалноста е дека сите живеат лошо. Оној во Желино и оној во Босилово исто живеат, лошо живеат. Маката им останала на нивата и нема кој трудот да им го плати. Детето им бара леб и школување, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, говорејќи за пописот во Македонија.
Мицкоски истакна дека пописот не е етничко прашање, туку прашање за иднината и затоа се вели статистичка операција, но власта тера политика со цел да си ги зачува фотелјите на сметка на маката и поделеноста на народот.
„Само тоа знаат, да лажат и да уживаат привилегии. Што направиле за обичниот граѓанин? Тие луѓе што се отселиле си заминале затоа што некој тука не им обезбедил пристоен живот и иднина, а овие одат и им продаваат национализам. Го закрвавуваат народот и создаваат фрустрација кај останатите“, потенцира Мицкоски.
Нагласи дека власта моментално игра на карта на злоупотребата на чувствата на Албанците, додека си прават маркетинг и промоција.
„На крајот од денот утре ќе дојдат избори, ќе имаме фингерпринт, и тоа ќе даде одговор на тоа население кое е тука. Не смееме да ги етнизираме прашањата, како што сака власта да прави и да ги злоупотребува и лаже граѓаните“, изјави Мицкоски.