Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на нов спортски комплекс во населба Лисиче.
-Јас само ги охрабрувам само така да продолжат, исто така улогата и на пратеникот којшто доаѓа од Општина Аеродром, кој што во рамките на Парламентот при секој буџет доставува амандмани, амандмани кои што за жал повторно ќе кажам поради игнорантскиот однос на оваа влада на СДСМ и ДУИ никогаш не биле до сега усвојувани. Но, добра вест е што за неколку месеци од денеска ќе имаме нова влада, влада на ВМРО-ДПМНЕ која што за разлика можеби од тоа што се случувало во изминатите во повеќе 3 децении има намера да води конзервативна кампања односно не сакаме да ветуваме премногу, да ветуваме чуда бидејќи никој денеска не е чудотворец. Сакаме тоа што ќе го ветиме и да го испорачаме бидејќи во минатото имало многу ветувања, тие ветувања предизвикуваат големи очекувања, а потоа кога тие очекувања нема да се испорачаат тогаш има и големи разочарувања, а како резултат на тие разочарувања денеска имаме и многумина наши сограѓани кои што за жал се селат од Македонија и од ден на ден Македонија станува се попразна и се попуста, а држава без народ полека престанува и гасне и престанува да биде држава, истакна Мицкоски.
Посочи дека носечки проекти на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат капитални за потребите на граѓаните директно во општините низ Македонија.
-И не како што тоа го прави оваа влада која што ги блокира општинските обврзници, како што кажа и Тимчо, за капитални проекти, за капитални инвестиции, две градинки, доградба на две училишта и така натаму, ние планираме да бидеме влада која што ќе биде влада на целата територија во Македонија, за сите граѓани, за сите општини без разлика дали тоа се од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или се независни градоначалници. Планираме да бидеме влада која што ќе испорача до 250 милиони евра годишно директно од буџетот во општини капитални проекти. Овде за Општина Аеродром се предвидени околу 11,5 милиони евра годишно или тоа е некаде до 46 милиони евра за еден четиригодишен мандат. Цениме дека на тој начин сите оние потреби на аеродромци, не само во форма на оваков тип на објекти, спортски игралишта, детски игралишта и така натаму, туку и ова кое што и денеска се блокира, а тоа се овие две градинки кои што се потребни, доградбата на овие две училишта, едно средно училишта, плоштадот позади Капитол и уште многу други проекти кои што се дел од овој проект ќе бидат испорачани, ќе бидат реализирани и цениме дека на тој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на нашите сограѓани и дека на тој начин барем една од причините која што сега ја наведуваат нашите сограѓани зошто ја напуштаат Македонија ќе биде елиминирана односно ќе имаат навистина пристојни европски услови за живот.
Така што уште еднаш ќе ми дозволите да честитам и на Тимчо, на советниците, на луѓето кои што се дел од администрацијата во општина Аеродром, кои што придонесоа денеска да сведочиме на еден ваков прекрасен објект и да посакам нормално многу дечиња овдека да другаруваат, спортуваат и да го поминуваат денот, нагласи Мицкоски.