Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира сериозни инвестициски циклуси

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ преку политиките и концептот политики за сите луѓе планира сериозни инвестициски циклуси, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Додава дека се работи не за оние инвестиции кои Зоран Заев ги кажува, туку инвестиции во енергетските комбинати, поголемо производство и поевтина електрична енергија за домаќинствата.

-Работниците и компаниите кои соработуваат со ЕЛЕМ треба да бидат спокојни, нема да останат без работа, истакнува Мицкоски.