Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција се осврна и на тоа што Владата не гледа вина кај себе за бугарската блокада како и за константните напади од Владата и нивните слуги за наводни обвинувања и работа за странски интереси.
„Бидејќи три години сум континуирано нападнат од истата таа влада подбуцната со нивните слуги кои што во моментот се надвор од структурите на ВМРО-ДПМНЕ и лиферуваат разно разни погрешни информации за мене еве нека документираат и нека покажат кои се тие би рекол центри на влијание од надвор за кои што јас сум слугувал дека сум работел против државата и така натаму па не мора да ги спонзорираат во намерата како што тоа го правеа ова лето, еве јас утре дента ќе заминам од овде. Во спротивно треба да се извинат, треба да излезат и да се извинат и да речат конечно еве се извинуваме на Мицкоски пошто лажеме цело време како што ни е практично карактерна особина дека тој работел спротивно на државните интереси“ рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на тоа дека доколку се користат со такви шпекулации, тој повикува да достават докази и да документираат случај, во спротивно треба да му се извинат.
„Еден доказ нека покажат, затоа што говорејќи такви работи официјални лица на владата станува збор дека тие добиваат информации од центри кои што ги плаќаат граѓаните како што се Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и така натаму нека документираат еден случај и јас одма истиот ден сум подготвен да сносам одговорност во спротивно нека се извинат затоа што на тој начин ја девалвираат работата на сите оние професионалци и во Агенцијата за национална безбедност и во Агенцијата за разузнавање. Нека докажат, нека документираат дека е така во спротивно тие се тие кои што работат за интересите“ нагласи Мицкоски
Мицкоски потсети и дека четврта година по ред не добивме дата за прва меѓувладина конференција а Заев славеше датум неколку пати за денес тој да не чувствува никаква одговорност за блокадата.
– Дали владата чувствува одговорност зошто ние еве трета, четврта година по ред не сме добиле би рекол дата за прва меѓувладина конференција па вие се сеќавате, имаше селфи во авионот, потоа во парламент овој истиот Зоран Заев како би рекол комедијата, ни велеше пукнете ама ние имаме дата за преговори така ли беше? Од тогаш имаме десетина прес конференции дека имаме дата за преговори, три години тонеме во оваа политичко наше мочуриште, три години не убедува дека ние всушност ние преговараме, само што не сме влегле. И за денеска после три години истиот тој човек ни каже дека не чувствува никаква одговорност во ова политичко наше мочуриште. И за денес после три години истиот тој човек ни каже дека не чувствува никаква одговорност, кажа Мицкоски.