Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес во своето обраќање во салата „Јане Сандански“ пред своите членови ги соопшти вредностите во кои тој верува.
-Ќе донесам правда. Правдата која ќе стане наш заштитен знак, наш бренд нејм. И колку сега сме обвиени во неправда мојот мотив е уште посилен да се спротивставиме на мафијата и оној трул систем кој не влече надоле.Затоа што имаме неправда, пред се кон обичниот народ кој е заглавен низ судските лавиринти, кој трпи не само законска туку и морална неправда. Не смее да имаме невини луѓе во затвор, патриоти кој се таму затоа што ја сакаат Македонија, да имаме по затворите луѓе кои ограбиле трафика со повисоки казни од оние политичари кои го ограбиле народот. Да имаме на слобода криминалци кои ни се појавуваат во општеството како успешни деловни луѓе, а се обогатиле на грбот на напатениот народ. Не браќа и сестри, тоа не може веќе така. Доста е. Нема малку или многу правда. Таа е апсолутна, таа е единствена и безмилосна. И еве тука сте сите вие и ви велам дека мора да биде така, да се избориме за правда, затоа што ќе немаме друфа шанса, правдата над се. И точно знам што говорам и знам дека ова е голема обврска, знам дека по превземањето на власта вие што сте блиску до мене сега, ќе има такви кои ќе се изгорите од мечот на правдата зошто сте нанеле неправда, и ви кажувам сега за да знаете дека нема да има изговори утре колку и тоа да е болно за нас, одговорност мора да има засекого. Правдата значи и одговорност, одговорност за секој направен престап, за секое огрешување кон законите. И тоа мора да го знаат сите функционери сега во Заевата влада, но и самиот Зоран Заев. И тука амнестија не му помога. Но тоа треба да го знаат и сите идни функционери во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Нам ни требаат принципи. Јас верувам во Принципите. Принципите се правила кои не дефинираат. Кои не разликуваат од другите. И знам дека сите вие мислите дека политиката е непринципиелна работа, а ова ваше мислење е такво зошто влечете искуство од сте претходни 29 години независност. Јас ќе ви кажам дека во политиката има принципи иако политиката до сега во Македонија не беше таква. И ние заедно со тие принципи ќе ги донесеме, воведеме и зацвртстиме принципите во Македонија. Не смее некој да има приоритет, а способните, вредните и најквалитетните да бидат на дното на листата на приоритети, најквалитетните на врвот на листата на приоритети. Не смее повеќе на политиката да се гледа како извор на богатење, затоа ќе донесеме закон за испитување на потеклото на имотот на функционерите. Да видиме кој се збогатил со труд, а кој со крадење, а украденото оди назад кај граѓаните. Принципите значат и замена на политиката на ниски страсти во политика на дела. Законот за јазици не го прави автопатот кон Блаце, или канализацијата во Арачиново, прогонот на Заев не ги стави вистинските криминалци зад решетки, еврооптимизмот на власта не ја донесе земјава во ЕУ, зошто за сето ова треба работа. А ЕУ значи принципи, а патот до таму значи работа, напорна работа кон која се обврзувам. И знам дека го одбираме потешкиот, но верувајте тоа е вистинскиот пат. Зошто вербата во принципи е верба во вредности. Со чист образ пред народот. И не заборавајте ВМРО се роди затоа што веруваше во принципи, во слобода и правда. Тоа е нашиот код, неизбришлива емоција подолга од еден век. Мора да има промени. Промени во секој поглед. Промени на власта, за да дојдеме до промени во економијата, образованието, земјоделието, здравството. Промени во културата, начинот на размислување, промена на сликата за политичарот во Македонија. Денес сите ние се наоѓаме во еден процес во кој само ги броиме штетите од оваа власт, реално шоу каде секое утро одново се вџашуваме од криминалот, декаденцијата, долг серијал од скандали и афери. Потребни се промени за да си заминат последните остатоци од транзицијата. Потребни се и промени на работите кои се згрешија, на решенијата кои ги наметнаа. Реалноста не може да се игнорира, но тоа не значи дека не може да се промени. И затоа ни треба победа. Победа над сите порази кои ни ги донесе Заев. А поразите се неуспеси. Виткањето кичма, трговијата со името, историјата, јазикот да ги замениме со принципи, и победи. Македонија губела, но и победувала, после секој пораз сме биле посилни, помудри, но и посилно сме се кревале. Потребна ние победа поради Горан од Струмица, Марија од Битола, Трајче од Вевчани, на Бесим од Гостивар, Томе од Куманово, Диме од Охрид кои ги споменав на почетокот. Ќе се бориме за победа поради секоја рака што ја стегнав изминативе три месеци, поради секоја прегратка и искрен збор што го разменив. Победа поради нашите деца и идните генерации, но ни победа поради нашите предци кои крвареа за ние да го имаме ова денес, истакна Мицкоски.
Мицкоски пред присутните рече дека многумина му викале да им каше на политикантите во политиката дека нивното време поминало, дека им е доста и дека доста го лажеле народот.
-Времето на политикантите пројде!….доаѓа професорот и ви кажува дека и промените доаѓаат, дека ја прекардашивте и дека ќе сносите одговорност за се што направивте. Ве уверувам ние сме вистинската алтернатива, решение и потреба за ова време. Имаме луѓе, програма, знаење, конкретни планови, знаеме како и можеме многу подобро. Знам дека кај многумина постојат дилеми и скепса за тоа дали можеме или како ќе биде со нас. Знам дека владее сериозна апатија и разочараност од политичарите заради оправдани причини и досегашни искуства. Но ние не сме тоа. Ние сме вистинските луѓе кои ви се потребни, заедно да ја вратиме Македонија во рацете на народот, и да ја вратиме вербата во нас самите како народ како држава, да си го вратиме македонизмот во Македонија. Власта на народот е одземена, одлучуваат и одлучувале мали групи на луѓе согласно свои интереси, време е да се врати во ваши раце, да си ја земете власта и да им кажете на сите што мислите за нивните корупциски афери, за нивните предавнички потези, за непотизмот, за злоупотребите, за тоа што ве потценуваат, за тоа што ве срамат кај ќе стигнат…на овие избори ќе им вратиме заедно!!!! Потенцираше Мицкоски.
Едно младо момче ме застана на улица и ми вика планирам да си одам од државата, посебно ако не видам дека вие кога ќе дојдете нешто ќе се промени. Можев да му кажувам разни ветувања за брда и долини, дека ќе дојде рај, дека ќе дојде живот, дека ќе го вработиме кога ќе дојдеме на власт… но така прават политикантите, тоа едноставно не сум јас. Нема ветувања за кои не сум сигурен дека можам да ги остварам и во тоа ќе се уверите. Но најважно ми беше да го убедам во принципите во кои верувам, како е сега, односно како не смее да биде, и како треба да биде… Но и како треба да биде после 12 април 2020 година, додаде Мицкоски.