Мицкоски: Имаме сериозни професионалци и луѓе кои мора да се мотивираат

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија 24 истакна дека мотивацијата е значаен фактор во продуктивноста на работникот, посочувајќи дека државата има сериозни професионалци и луѓе кои мора да се мотивираат за да го дадат својот максимум.

-Сега зборуваме за мотивација. Еве во ред и за тоа ќе се сложам затоа што мотивацијата е многу значаен фактор во продуктивноста на работникот и тука немам никаква дилема. Човек се мотивира на финансиски и на поинаков начин и тука се сложувам со вас, но истовремено човек се мотивира кога го гледа претпоставениот дека е мотивиран, претпоставениот другиот претпоставен и тоа е една вертикална структура која функционира како еден ланец. Ако тој ланец некаде има да речеме кинење тогаш тоа логично е дека овие фино си седат што би рекле клати врата земај плата и ќе имате една неефикасна администрација, не мотивирана администрација и автоматски паѓа квалитетот на услугите, бизнисот незадоволен, граѓаните незадоволни и создава перцепција во општеството на незадоволство, вели Мицкоски.

Тој додава дека има сериозни професионалци луѓе и треба да се мотивираат и да се сложувам треба да се направи рационализација. Но, истовремено и тие луѓе кои што нема да влезат во таа селекција, да им се обезбеди егзистенција до крајот на нивниот живот. Тоа е лидерство и тоа е држава за сите, да биде мајка, а не маќеа, рече Мицкоски.