Мицкоски: Имавме избори со масовен поткуп од педестина милиони евра и масовни злоупотреби, брутално е украдена волјата на граѓаните

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за телевизија Сител зборуваше за изборите кои се одржаа на 15 јули каде посочи дека овие избори се практично најлоши избори кои ги имала Република Македонија.

Овие избори се практично најлошите избори. Избори кои не можат никако да го понесат епитетот на фер и демократски избори, избори кои што изобилуваат со голема масовна злоупотреба на државните ресурси, масовна брутална злоупотреба на вонредната состојба и она што е најважно огромен поткуп. Според нашите проценки станува збор за сума која што е поделена во два дела институционален и вонинституционален поткуп од отприлика педесетина милиони евра. Значи станува збор за едно смислено сценарио во кое што практично требаш да се обезбеди поддршка за партијата која што е мнозинска во владиното мнозинство но на многу нечесен и брутален начин, истакна претседателот Мицкоски во своето интервју.

Мицкоски додаде дека ова избори според ВМРО-ДПМНЕ се само не се демократски и на овие избори е украдена волјата на граѓаните од страна на Зоран Заев и неколкумина околу него.