Мицкоски: Институциите прецизно знаат каде јас се движам, па не знам како не знаеле каде се движел Груевски

Гостин во Отвореното Студио 1 е Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој во врска со бегството на Никола Груевски поентираше дека е неопходно да се спроведе истрага за јавноста да дознае што точно се случило во врска со скандалозното бегство на експремиерот.

Важно е да добиеме одговор како ова се случи, зошто надлежните институции во земјата барем од лично сведочење многу прецизно знаат јас каде се движам, па не знам како не знаат каде се движел Груевски.  Тоа е пропуст на институциите. Станува збор за лице  кој е осуден на затворска казна од две години. Да престане ова шоу кое го приредуваат Оливер Спасовски и владата и да дојдат до мотивите и помагачите на овој настан, на кој целата македонска јавност беше сведок. Ја охрабрувам истрагата, потребно е расветлување на случајот, рече Мицкоски.