Мицкоски: Изборите се потребни да се спречат поразите на Македонија

Се’ додека премиерот Зоран Заев и неговата СДСМ се на власт, Република Македонија ќе губи многу, истакна лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа.

Мицкоски појасни дека веднаш откако парламентарното мнозинство изгласа промена на уставното име на земјата ВМРО-ДПМНЕ побара распишување предвремени парламентарни избори поради фактот што под водството на Заев, Македонија во низа доживува порази, како на надворешно-политички план, така и на внатрешен. Исто така, опоицискиот лидер одговори и на прашањето за критиките упатени на негова адреса.

 

„Јас ги разбирам емоциите и сентиментот кај граѓаните, апсолутно е оправдан бидејќи живееме во тешки времиња. Живееме практично со една влада која што еве речиси две години континуирани неуспеси им испорачува на граѓаните во Македонија, понижувања и омаловажувања, појасни Мицкоски.

Образложи дека ВМРО-ДПМНЕ во своите дебати, во своите интервјуа, своите прес- конференции, средби со граѓани, средби со членство и така натака, кажува дека, се’ додека Зоран Заев и СДСМ се во владата на Република Македонија, Македонија практично ќе продолжи да губи.

„И мотивирани од сето тоа ние веднаш после оној противуставен и недемократски начин на она што се случуваше во рамките на парламентот, во петокот ВМРО-ДПМНЕ повика на предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Потсети, исто така, дека ВМРО-ДПМНЕ и пред последните избори предупредувале на настаните коишто потоа следуваа по формирањето на новата коалициска влада на Заев