![мицкоски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/mickoski-2.jpg?resize=640%2C390&ssl=1)
Извршен е атентат, Македонија веќе не е правна држава, ќе поднесеме кривични пријави за Заев и Џафери за Законот за двојазичност и претставка до Уставниот ,изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Изјавата следуваше на состанокот со партиите од коалицијата ,,За подобра Македонија”.
Мицкоски истакна дека коалициските партнери ја поддржале идејата за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и веднаш и неодложно распуштање на Собранието.
Во однос на уставните измени коалициските партнери го осудија чинот на уцени, на закани, на притисоци, на тргување со правото и правдината, а се со цел остварување на политички цели, изјави Мицкоски .
Тој рече дека на средбата било разговарано и за лошата политичка состојба во државата, односно отсуството на реформи.