Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се прости од актерката и поранешен градоначалник Билјана Беличанец.
Тој напиша: „Луѓето коишто со своите дела оставаат трага никогаш не умираат.
Почивај во мир Билјана“.
Синоќа, околу 22.30 часот во полициската станица Центар сопругот на Беличанец пријавил дека “во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот”.
Беличанец е родена на 25 јули во 1973 година во Скопје. Во 1994 година дипломираше како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истата година се вработи во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп каде претежно играше главни улоги за кои доби многу награди и признанија. Во 1997 година се вработи во Драмски театар – Скопје.