Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук вели дека минатиот пат требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61. Сега овој пат треба да им простат уште едно чудо криминали на истите криминалци кои им прават притисоци на нивните пратеници и да им закрпат мнозинство.
„Минатиот пат требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61. Сега овој пат треба да им простат уште едно чудо криминали на истите криминалци кои им прават притисоци на нивните пратеници и да им закрпат мнозинство.
Во суштина главното прашање е, што ќе добијат граѓаните од поголемото мнозинство за кое говори Ковачевски. Знаеме што ќе добијат криминалците, но што ќе добие народот. Што ќе се промени? Ќе живеат ли подобро?
Наместо да го пуштат Ковачевски вака неуверливо да ја спасува работава, можеа да го пуштат Али да го соопшти истово. Но очигледно слугата оди пред газдата“, стои во неговиот пост на Фејсбук.