![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/mickoski-grenel.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се во официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години од основањето на НАТО, а ќе остварат и повеќе средби со државници, но и со бизнисмени, како и со нашинци од дијаспората. Ќе биде најавена и нова инвестиција.
Мицкоски и министрите оствари средба со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот.
-Плодна и пријателска вечера со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот. Економија, енергетика и владеење на право, теми за продлабочување на соработката, пишува Мицкоски на Фејсбук.